Свет grammy2013header36008324

7 декември, 2012

Номинации за Греми – Кој e оштетен?

Една од најголемите поп ѕвезди во моментов, Џастин Бибер не е номиниран за Греми награда, за што неговиот менаџер, кој е исто така задолжен и за кариерите на Карли Ре Џепсен и Псај, Скутер Браун изреагирал на Твитер: „Воопшто не се сложувам, момчето заслужи номинација. Одборот на Греми наградите со овој потег потполно ја оплеска работата.“ Со тоа не се сложува и армијата фанови на Бибер кои го направија хаштагот #NoBieberNoGrammys.

На доделувањето на други награди, Ники Минаж триумфираше повеќе пати, но чудно е што раперката не доби ниту една номинација за Греми. Иако кариерата ја започна како омилена изведувачка на инди публиката, Лана Дел Реј со своето деби освои нова територија, но сепак остана без номинација за Греми, а на листата на номинирани ја нема ни Кристина Агилера, која неодамна го издаде албумот „Lotus“.

Иако се смета дека Греми е награда која е ориентирана кон малку поконзервативната и траиционална (претежно рок) публика, во последните неколку години главните награди ги добиваа изведувачи кои се стремат повеќе кон иновативен звук (отколку кон оној комерцијалниот), како што се Аркејд Фајр и Бон Ивер. Неговата минатогодишна победа предзивикала реакции кај членот на групата Гризли Беар, Ед Дросте кој исто така преку Твитер се пожалил на тоа што овогодишното издание на групата Шилдс останало без ниту една номинација. „Баш ми е мило што Тејлор Свифт е номинирана за уште една награда. Се загрижив дека не ги има доволно“ – напишал Ед. На ова реагирал и Џастин Вернон од бендот Бон Ивер, кој рекол: „Ете затоа ги мразам Греми наградите, затоа што прават самиот да се запрашаш дали ги правиш вистинските нешта“, а потоа ја пофалил музиката на Гризли Беар и спомнал како и „Мајкл Џордан не успеал да се префрли во кошаркарскиот тим на неговата гимназија“.

Покрај овие изведувачи, во ниту една категорија не беа номинирани и поп сензацијата Уан Дајрекшн.

 

Извор: mtv/idolator/pitchfork



Врати се горе ↑