Настани Вечер_на_поп_ѕвезди

11 септември, 2014

Нокаут, Тамара, Елена, Ламбе и многу други на „Преспански Јаболкобер“‏

Во чест на јаболкото и отпочнување на бербата на јаболка, ппштина Ресен по 14-ти пат ја организира манифестацијата „Преспански Јаболкобер“, која опфаќа активности од областа на земјоделието, културата, туризмот, уметноста и спортот. Оваа најголема стопанско-културна манифестација е поврзана со празнувањето на православниот христијански празник Крстовден и воедно претставува традиционален почеток на бербата на јаболката во Преспа.

Низ годините во делот на културната промоција на манифестацијата голем број на реномирани музички имиња од забавната и фолк естрада продефилирале низ Ресен. Дани, Tамара, Ламбе, Влатко Лозаноски, Влатко Илиевски, Александар Тарабунов, Каролина Гочева, Наум Петревски, Танец, фолклорни ансамбли од сите балкански земји, детски музички фестивали во тој дел овозможиле препознатливост на овој најголем празник во Преспа.

Од оваа година овој празник во општина Ресен ќе трае Три Дена. на 25,26 и 27 септември ( Крстовден) Ве повикуваме да бидете наши гости и со нас заедно да го означиме почетокот на бербата на јаболка во Преспа. Манифестации од спортот, стопанството, туризмот се дел од овогодинешната понуда на „Преспанскиот Јаболкобер“, а сето тоа во вечерните часови ќе биде придружено со забава за која ќе се погрижат: фолклорни друштва од Македонија и Бугарија, концерти на Миле Кузмановски, Петар Нечовски, Блага Петревска, Персиди, Ефто Пупиновски, Анета и Молика, Тони Михајловски, Елена Ристевска, Ламбе Алабаковски, Тамара Тодевска и голем концерт на неповторливите „Нокаут“.

Јаболкото се смета „како овошје на гревот“, но грев прави само оној кој не го јаде, а уште поголем оној кој барем еднаш не ја видел Преспа на денот на јаболкоберот. Дојдете во Ресен и Преспа за да во Вас замириса есента, осознајте го овој  земјен рај, забавувајте се патувајќи низ трите димензии во сегашноста, минатото и иднината.



Врати се горе ↑