2 март, 2015

„Нокаут“ со видео запис за својата „Желба“

„Нокаут“ го претстави видео записот за песната „Желба“, којашто се најде на нивниот последен албум „Три“, објавен во јуни 2014 година. Автори на оваа прекрасна балада се Никола Перевски Пере (музика) и Владимир Поп Христов – Мио (текст), а е миксана и продуцирана во студиото „Димитрови“.

Автор и режисер на видеото е Милена Станишлевиќ, која снимаше на локации во близина на чешката метропола Прага, но и во Македонија. Освен фронтменот на „Нокаут“, Никола Перевски, како главни актери во спотот се јавуваат и прасето Мини, Мадла Зимова и Јири Мариа Сиебер, кој инаку се појавува како телохранител во спот на Канје Вест.

Активностите на „Нокаут“ не застануваат тука. Наскоро нов сингл со работен наслов „Moli Miracle”, кој ќе биде еден вид на најава за следниот албум, а додека го очекуваме новиот сингл, уживајте екранизацијата на „Желба“.

 



Врати се горе ↑