Концерт 17523209_1287779251291733_2819537857590491867_n

13 април, 2017

„Нокаут“ со велигденски концерт во Охрид

За претстојните велигденски празници, охриѓани и туристите што ќе одлучат продолжениот викенд да го поминат во балканскиот Ерусалим, ќе имаат можност да уживаат во концертниот настап на популарната група „Нокаут“, кој ќе се одржи утревечер, 14 април, во клубот „Кадмо“ со почеток од 22.00 часот.

Бендот ја започна годинава со најава за нов албум, па се надеваме дека наскоро ќе имаме можност да слушнеме на што работеле во изминатиов период. Концертот во Охрид е дел од славеничката турнеја на групата, која годинава одбележува 20 години на сцената.

17523209_1287779251291733_2819537857590491867_n



Врати се горе ↑