Македонија nokaut

5 јануари, 2017

„Нокаут“ со нова веб страна и најава за албум

20-годишната историја на популарната македонска група „Нокаут“, вклучувајќи ги сите досегашни изданија, фотогалерии, снимки од концерти, е-продавница, како и посебен дел за пораки од обожавателите, сега е собрана на нивната нова веб страна nokaut.mk, .

nokaut2

Иако после преселувањето на Пере во Шпанија започнаа да кружат гласини дека бендот заминува во историјата, сепак момците не ја разочараа македонската публика и продолжија да ни подаруваат нови песни и видео записи, како и бројни настапи ширум земјата, а годинава ќе го прослават и својот 20. роденден.

Прославата на јубилејот започна со најава за нов албум, кој ќе биде петти по ред за популарната група, а ќе го наследи изданието „Три“ од 2014 година. Веста ја сподели фронтменот и член со најдолг стаж во групата, Никола Перевски Пере, објавувајќи ја насловната фотографија од албумот.

353c41e180689a48bde811827607fad7

Сè уште не е познато каков наслов ќе има новото издание, како ни колку песни ќе содржи, но меѓу нив веројатно ќе се најдат и претходно објавените Позитивно, „Радувај се со мене“, „Трип“ и „Ноември“.

Додека очекуваме повеќе детали за претстојниот албум, Новата година нека Ви започне „Позитивно“!

И.Ј.



Врати се горе ↑