2 јули, 2013

Нокаут со нов видео запис и концерт во Битола

Со филмска приказна во која се раскажани најголемите таги и радости во животот на еден човек, новата песна на Нокаут, „Запомни тоа е сè што имаме“ беше заокружена со видео запис. За идејата, концептот и целата реализација на спотот се погрижи тимот на Горила продукција, на чело со режисерот Владимир Дади Ивановски. Песната која беше промовирана неодамна и веднаш стана хит ќе биде дел од албумот на кој бендот полека, но сигурно работи и кој наскоро ќе биде издаден.

Дотогаш, по последниот концерт во Битола, кој беше еден од најголемите настани минатото лето, Нокаут повторно ќе ги распевааат и разигрувааат битолчани. Покрај старите добро познати хитови, на Ракометното игралиште во Битола, во среда, 10-ти јули, ќе се пеат и новите песни и проекти.

Концертот, кој е дел од досега најдолгото и најсодржајно битолско културно лето „Бит Фест 2013“, ќе започне во 22 часот, а организаторите Горила продукција на барање на момците од Нокаут ја обезбедија и домашната поддршка од битолските бендови Паркети и Промашена инвестиција 3,14. Картите во претпродажба може да се најдат по промотивна цена од 100 денари во „Тобако Брадерс“, „Пица Буре“ и продажните места на „Бит Фест 2013“. На врата картите ќе чинат 200 денари.



Врати се горе ↑