15 јуни, 2015

„Нокаут“ со македонска верзија на италијанскиот хит „Penso Positivo“ од Џованоти

Дека „Нокаут“ се мајстори за „македонизирање“ на странски хитови докажува и фактот што „Еј би си“, па и Временска машина се веќе евергрини во нашата забавна музика, а деновиве од нив добивме уште еден голем хит! Станува збор за „македонизација“ на познатиот италијански хит Penso Positivo, кој во 1993 година го претстави Италијанецот Лоренцо Керубини, познат како Џованоти, а се најде на неговиот шести студиски албум „Lorenzo 1994“.

Стиховите за македонската верзија на „Нокаут“ насловена „Позитивно“ ги напиша Игор Џамбазов, а аранжманот го направи Дарко Димитров. Видео записот во режија на Јован Куциновски го изработи продукцијата „Моушн емоушн“, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

Песната во мп3 формат е достапна на „ВБУ Музичкиот регистар“. кој на почетокот на годинава ја започна мисијата да ја стави цела македонска музика на едно место!

И.Ј.



Врати се горе ↑