Концерт Плакат

26 август, 2014

Нокаут со „хет-трик“ концерт во Битола

Летото можеби е при крај, но Нокаут продолжуваат со забрзано темпо. На 23 август, Крива Паланка имаше можност за прв пат да ги види во живо Нокаут во овој состав. Речиси 10 000 луѓе беа сведоци на одличен настап во рамките на беспрекорно организираниот Joyfest.

Само 4 дена подоцна, момците тргнуваат за Битола. Како по некоја традиција, и оваа, трета година по ред ракометното игралиште ќе биде збирно место за фановите на Нокаут. Значи на 27 август, со почеток во 21.00 часот, „хет-трик“ на Нокаут во Битола. Билети во претпродажба во Brothers Tobacco (на Широк сокак) по цена од 150 денари. На врата билетот ќе чини 250 денари.

Следна нивна дестинација е Кавадарци, каде ги очекува публиката на Т’к-так фестивалот, организиран во чест на прерано починатиот  тапанар Трајко Каров. Stay tuned, бидејќи следуваат уште нови настапи низ Македонија.



Врати се горе ↑