Концерт nokaut

28 ноември, 2014

„Нокаут“ со акустичен концерт во Универзална

Сопствениците на минатогодишниот апсолутен радиски хит  „Запомни, тоа е сè што имаме“, „Нокаут“ годинава ќе ја заокружат со акустичен концерт, кој ќе се одржи на 17 декември во Универзалната сала во Скопје.

„Годинава беше особено значајна за Нокаут. Покрај тоа што оженивме дури тројца од бендот, а еден стана и татко, го издадовме и нашиот трет студиски албум „Три“. А, најдобар начин да ја заокружиме оваа успешна година е тие емоции да ги споделиме со нашите фанови на еден голем концерт. Овој пат се одлучивме за поинтимна средба – unplugged концерт во Универзалната сала, кој ќе се одржи на 17 декември во 20.00 часот“, велат од „Нокаут“, додавајќи дека и овој пат вокална поддршка ќе добијат од нивните драги соработници Игор Џамбазов и Владимир Поп Христов – Мио, а како засилување на гостинската екипа ќе бидат легендите на македонската рок сцена – „Ласт експедишн“ и хип-хоп организмот Тони Зен.

Влезниците за овој концертен спектакл ќе бидат пуштени во продажба од 1 декември, а ќе можат да се набават во туристичката агенција „Одмори се“, во продажната мрежа на МК Тикетс и на билетарата на Универзална сала. Цената од 1-10 декември ќе изнесува 400 денари, од 11-17 декември до 18 часот – 500 денари, а непосредно пред почетокот на концертот, на билетарата во Универзална ќе чинат 600 денари.

 



Врати се горе ↑