Македонија 75527_308892095847125_1037561517_n

27 ноември, 2012

Нокаут следната година со двоен албум

Дуото Нокаут за следната година најави двоен албум, пренесува Вест. На едното цеде ќе се најдат нови песни на Нокаут, а другото ќе биде компилација од најголемите хитови, најавија Пере и Франц на минатонеделниот радиски фестивал МАРС. На радискиот фестивал, баладата „Знаеш каде да ме најдеш“ беше една од 15-те финалисти за радиохит на годината и ја освои наградата за најдобар текст.

Изминатава година беше концертно активна за Нокаут. По анплагд- настапот во “Метрополис арената” лани во декември, одржа успешни концерти во Античкиот театар во Охрид, на ракометното игралиште во Битола и во уште неколку градови низ Македонија.

 



Врати се горе ↑