Концерт Nokaut_B1

26 ноември, 2015

„Нокаут“ позитивно во СЦ „Борис Трајковски“

Во декември 2011 бевте гости во нивното кабаре на сцената на арената „Метрополис“. Декември 2014 ви пееја од опуштениот и интимен амбиент на „НОКАУТ БАРОТ“ во Универзалната сала.

Декември 2015, „НОКАУТ“ повторно ќе бидат ваши музички домаќини кои ќе ве внесат во некоја друга димензија.

Која?

Дознајте на 24 декември!

„Горила продукција“ со огромно задоволство го најавува големиот концерт на „НОКАУТ“ во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Почеток 21.00 часот.
Специјални гости на вечерта: ВИЕ!

Картите ќе бидат пуштени во продажба од сабота (28 ноември), а ќе можат да се купат во продажната мрежа на „МK  тикетс“.

Да ја завршиме годинава позитивно…

 



Врати се горе ↑