Концерт NOKAUT - GRUPNA - Cmyk

2 август, 2013

Нокаут повторно во Охрид

Тричасовниот настап на 26-ти јули, со дури 4 биса, беше доволен доказ дека публиката во охридскиот клуб „Кадмо“„ сака повторно да ги види  Нокаут. Затоа бендот и Горила Продукција одлучија да ги послушаат желбите на фановите и да закажат уште еден концерт на сцената на „Кадмо“, овој пат на 8-ми август.

Картите можат да се најдат во претпродажба по промотивна цена од 200 денари во кафе „Кадмо“, клуб и плажа „Кадмо“, „Пица Буре Градиште“ и Градски плоштад Охрид. На врата влезниците ќе чинат 300 денари.

Во продолжение погледнете дел од фотографиите од првиот концерт на Нокаут во Охрид.



Врати се горе ↑