Македонија

2 јануари, 2019

„Нокаут“ новата година ќе ја започнат со нов албум

2018 година беше мошне значајна за популарната македонска група „Нокаут“, која својот 20. роденден го прослави со бројни настапи низ Македонија, но и два значајни концерта –  на 23 ноември во СРЦ „Кале“ и на 26 декември во хотелот „Мариот“, каде што двочасовниот настап беше преточен во албум во живо. Гости на овој настан беа нивните долгогодишни пријатели и колеги Игор Џамбазов и Гуру Харе, а целата амосфера ја забележаа и камерите на МРТ.

„Лебедот бел“, „Да си тука вечерва“, „Во бестрага“, „Знаеш каде да ме најдеш“, „Би се викал те сакам“, „Леат дождови“, „Мене ми припаѓаш“, „1.000 причини за крај“, „Ти си моја фатална опсесија“ се само дел од песните музичарите и публиката ги пееја во еден глас, во атмосфера слична на акустичниот концерт од 2007, за кој сè уште се зборува.

Концертот во Skopje Marriott Hotel ќе го памтиме долго од повеќе причини. Една од нив сте вие, нашата публика!А,…

Gepostet von Nokaut Unplugged am Donnerstag, 27. Dezember 2018

 

Како што и доликува за еден убав почеток на Новата година, веднаш по новогодишните и божиќните празници Пере и екипата ќе влезат во студио да го довршат материјалот за новиот, 4. по ред албум, кој беше најавен, меѓу другото, и со одличната „Кога ме сакаш ти“.

Само за потсетување, „Нокаут“ е основана во 1997 година, а реоформена во 2006 г. Основач на бендот е Никола Перевски-Пере, а членови на првиот состав се: Кирил Колемишевски (втор вокал), Ацо Богдановски-Конга (перкусии) и Владимир Крстевски-Франц (гитара).

Фотографија: Стефан Рајхл



Врати се горе ↑