Концерт

23 јануари, 2017

„Нокаут“ ја започнува славеничката турнеја во „Станица 26“

2017 за „Нокаут“ започна со нова веб страна и најава за албум, а оваа јубилејна година во која групата го слави својот 20. роденден ќе биде одбележана и со славеничка турнеја, чиј почеток е закажан за четврток, 26 јануари, во „Станица 26“ во Скопје. Специјални гости на концертот се Игор Џамбазов и Гуру Харе, а влезниците за настанот со почеток од 22.30 часот се по цена од 250 денари.

нокаут



Врати се горе ↑