Концерт нкт

17 јули, 2017

„Нокаут“, Игор Џамбазов и Гуру Харе со акустичен концерт во Битола

Популарната македонска група „Нокаут“ годинава го прославува својот 20. роденден, па во рамките на големата славеничка турнеја, особено во текот на летово, бендот настапува низ повеќе градови ширум Македонија. После неколкуте одлични концерти во Битола, „Нокаут“ за првпат доаѓа во градот на конзулите со акустичен концерт, кој ќе се одржи на 20 јули (четврток), во античкиот театар Хераклеја со почеток од 21 часот.

„Ние со нетрпение го очекуваме настапот на овој важен културно-историски локалитет и сме горди што ќе имаме можност да настапиме на оваа локација. Нашите очекувања во контекст на атмосфера и воопшто комплетен квалитет на овој настан се огромни, а особено поради битолската публика која знае да ги покаже сопствените емоции во различни ситуации, весели или тажни“, велат од бендот.

Специјални гости на концертот ќе бидат долгогодишните пријатели и колеги Игор Џамбазов и Гуру Харе, а влезниците по цена од 150 денари се веќе пуштени во продажба во „Тобако брадрс“ и продажната мрежа на МК Тикетс (Ана Турс – Битола), додека на врата на денот на концертот ќе чинат 250 денари. Настанот во организација на „Горила продукција“ е во рамките на годинешното издание на „Бит фест 2017“.

 



Врати се горе ↑