Концерт

30 јули, 2017

„Нокаут“ и Тони Зен на 3 август во Охрид

Не само летово, туку во текот на целата година, „Нокаут“ имаат доста набиена концертна агенда, а повод за тоа е прославата на 20. роденден. Во рамките на славеничката турнеја бендот досега настапи ширум речиси цела Македонија, а на 3 август по трет пат годинава ќе одржи уште еден роденденски концерт во популарниот охридски летен клуб „Кадмо“.

1

Овој пат, како специјален гостин ќе настапи и колегата Тони Зен, со кого групата соработуваше и за темата „Исти“. Настанот има два поводи за славење – освен 20. роденден на „Нокаут“, бендот и „Кадмо“ одбележуваат и десет години соработка.



Врати се горе ↑