Македонија

18 декември, 2018

„Нокаут“ и Игор Џамбазов ќе снимат нов албум во живо

По одличниот јубилеен концерт што го одржаа минатиот месец во СРЦ „Кале, „Нокаут“ годинава ќе ја заокружат со снимање на нов албум во живо, заедно со колегата Игор Џамбазов, а сето тоа ќе се одвива во хотелот „Мариот“ на 26 декември (среда) со почеток од 21.00 часот. Интересно е тоа што на снимањето ќе можат да присуствуваат и љубителите на оваа музичка екипа и специјалниот гостин, легендарниот Гуру Харе.

„Велат ’Музиката е звукот на нашите чувства’, а НОКАУТ најдобро го познаваат тој звук. Затоа, не пропуштајте ја можноста да ги слушнете сите свои чувства во акустична верзија отпеани од ’Нокаут’ и Игор Џамбазов. За магијата да биде уште поголема, овој ексклузивен концерт ќе биде снимен во живо и овековечен во специјален албум“, пишува во соопштението за настанот.

Влезниците по цена од 2.000 денари се во строго ограничен број, а истите можете да ги набавите преку сервисот на „Карти.мк“.



Врати се горе ↑