Промоции nokaut-tri

30 јуни, 2014

Нокаут го промовираат новиот албум „Три“

Вечерва (понеделник, 30 јуни) во Бела Виста на кејот „13-ти Ноември“ со почеток од 20 часот ќе се одржи промоција на новиот студиски албум на Нокаут насловен „Три“. Новото издание, кое веќе имаше една концертна промоција во Скопје, меѓу другото, ги содржи и добро познатите хитови „Да си тука вечерва“, „Знаеш каде да ме најдеш“, апсолутниот радиски хит за 2013 година „Запомни, тоа е сè што имаме“, како и макфестовското „Танго“ кое беше дел од овогодишното издание на фестивалот.

 

На вечерашната промоција ќе бидат објавени и деталите за летната програма на бендот.

 




Врати се горе ↑