26 октомври, 2013

Нокаут го претставија новиот сингл „Да си тука вечерва“

На синоќешното премиерно издание на новата музичка емисија „Хит на месецот“, премиерно беше претставена и новата песна на Нокаут. Станува збор за нивниот нов сингл насловен „Да си тука вечерва“, чија музика и аранжман ги потпишуваат Никола Перевски Пере и Нокаут, а автор на текстот е Тони Михајловски. Во изведбата во која можете да уживате горе учествуваат Пере (вокал и гитара), Владимир Крстевски Франц (гитара), Виктор Николовски (бас гитара), Благоја Антовски (тапани), Горјан Петровски (гитара), а како специјален гостин се појавува Емин Џијан (хармоника и синтисајзер).

 „Да си тука вечерва“ е предлог во емисијата „Хит на месецот“, а можете да гласате на овој линк.



Врати се горе ↑