Македонија nokaut

27 ноември, 2013

Нокаут го имаат апсолутниот радиски хит за 2013 година

Годинава, шестото издание на радискиот фестивал МАРС 2013 беше претставено со нов содржински редизајн, а за разлиика од претходните изданија, овој пат беа наградени песни во повеќе категории како што се поп, рок, рап/хип-хоп, балада, дует и сл. Манифестацијата се одржа синоќа во Универзалната сала, во улога на водители се појавија Марија Петровска (Бекстејџ) и Марко Марк (Стисни Плеј), наградите ги доделија Григор Копров, Вера Јанковиќ, Весна Петрушевска, Светлата Црнокрак, Виктор Петров – Викса и други, а фестивалот го затворија Ѕвездите од соседството, Владо Георгиев и Јелена Розга. Настанот беше пренесуван во живо на првата програма на МРТ.

Апсолутен радиски хит и Радиски хит отпеан од група е баладата „Запомни, тоа е сè што имаме“ од Нокаут, кој можете уште еднаш да го слушнете во продолжение, а во продолжение погледнете ги и останатите наградени хитови во другите категории.

 

Димитар Андоновски, кој го имаше радискиот хит за 2012 година, позади себе веќе има доста успешна година, а неодамна ја освои и третата награда на Скопскиот фестивал, кадешто се претстави со баладата „Ако ме боли“, на МАРС 2013 ја освои и наградата Радиски хит од машки вокал за летниот хит „Месечина“.

 

Еден од најдобрите женски вокали во Македонија, Тамара Тодевска која неодамна со баладата „Тешко без тебе“ го освои второто место на Скопски фестивал, го има Радискиот хит од женски вокал, односно темата „Само сакам да…“.

 

Радиски поп хит на годината е темата „Ти се промени“ на  Роберт Билбилов, во која гостува бизнисменот Дон.

 

За Радиски рок хит беше прогласен актуелниот сингл на Бени и Нон Стоп, темата насловена „Љубов“.

 

Баладата на годината е темата „Не е фер“ на Дарко Илиевски.

 

Наградите Нови ѕвезди и Најдобра преработка на песна им припаднаа на Ај Кју и Марија и нивниот хит „Боби, баш ми е гајле“.

 

За Рап/хип-хоп/Р&Б хит е прогласена „Добро да е“ од  Слаткаристика.

 

Нашите евровизиски претставници за 2013 година, Есма и Лозано го имаат дуетот на годината, односно темата „Пред да се раздени“.

 

Најдобар текст на песна има темата „Само за неа“, потпишана од самиот изведувач Влатко Илиевски заедно со Марко Маринковиќ Слаткаристика.

 

Избор на публиката и Ѕвезда што се раѓа се наградите кои ги освои Тајзи и неговиот летен хит „Регетон“.

 

Бендот кој е формиран во далечната 1979 година и кој по повеќе од 30 години летово го објави својот нов албум, Лева патика ја доби наградата Трајни вредности, а на сцената во Универзална уште еднаш го отпеа својот евергрин „Неправда“.

 



Врати се горе ↑