Концерт 1

3 февруари, 2015

„No Diggity!“ – „Блекстрит“ доаѓаат во Македонија!

„Иноватива груп“ и „Симфоникс ентертејнмент“ (Symphonics Entertainment) од Бугарија Ви го најавуваат доаѓањето на култниот американски ар-ен-би состав од деведесеттите години, за прв пат во Македонија – „БЛЕКСТРИТ“ (Blackstreet). На 12 февруари (четврток), „Блекстрит“ ќе го оддржат својот прв концерт во Скопје, во клубот „Станица 26“, со почеток во 23.00 часот, што воедно ќе го означи и почетокот на нивната голема европска турнеја. Пред нивниот настап, на бината ќе се појави и хип-хоп и ар-ен-би артистот Бобо со неговиот бенд од Бугарија, како и одличниот софијски вокал Мисшер (Misscher).

„Блекстрит“ е американска ар-ен-би и соул група формирана во Њујорк, САД. Тие се појавуваат на сцената во 1991 година.  Во 1993 година, групата го издава својот деби албум „Blackstreet“. Синглот Before I Let You Go“ беше помеѓу првите 10 хитови на американската Билборд листа со што придобиваат голем број обожаватели во САД. „Блекстрит“ постигнуваат уште еден голем успех со нивниот втор албум „Another Level“. Овој албум го надминува успехот на првиот и се пласира на третото место на американската Билборд листа. Во голема мера успехот се должи на големиот хит сингл, „No Diggity“, кој е изработен во соработка со Д-р Дре. Оваа песна, која сега се смета за рап класика и доби Греми награда, ги поставува „Блекстрит“ на највисокото скалило во ар-ен-би светот.

 



Врати се горе ↑