Галерија IMG_3355

28 март, 2016

Низ призмата на уметниците: Визуелен приказ на загаденоста во главниот град

Овој викенд скопјани како и секогаш уживаа во неделното сонце на падините на Водно. Глетката беше како и секој друг викенд – метеж од деца, спортски ентузијасти, велосипедисти, рекреативци. Но оваа недела не беше како и секоја обична недела. Надвор од вообичаената рутина, вниманието на посетителите на Средно Водно го привлече уметницата Симонида Филипова Китановска. На проѕирна површина од големо парче плексиглас, внесена, го сликаше – својот град.

Но, кога љубопитните ќе ѕирнеа што има на нејзината слика, гледаа нешто што на прв поглед не им паѓаше на ум како асоцијација за нивниот град. Сликајќи го Скопје, Симонида ги нагласуваше сивите облаци, магливиот воздух, загадено Скопје, главна тема во зимскиот период неколку години наназад.

Но, за многумина мистериозната поставка имаше само една силна порака: „Невидливото сè потешко се брише…“, и пак #ОдТебеЗависи.

„Се надевам дека оваа активност ќе наиде на заинтересираност не само кај скопјани туку кај сите граѓани во земјата. Би била среќна кога би размислиле сите за своите постапки, бидејќи доколку сакаат да му помогнат на својот град во намалувањето на загаденоста, секој прво треба да тргне од самиот себе и своите секојдневни навики. Само на тој начин, масовно здружени, сите заедно можеме да направиме промена во општестовото во кое живееме“, изјави Симонида Филипова Китановска, познат македонски реномиран уметник.

Симонида ги замисли присутните да се прашаат за што навистина станува збор.

Дали наскоро ќе се дознае вистинската причина позади оваа уметничка инсталација?



Врати се горе ↑