18 јануари, 2016

„Нисмо смели“ е новиот дует на Марија Шерифовиќ и Јована Николиќ

Како резултат од долгогодишното пријателство, српските пејачки Марија Шерифовиќ и Јована Николиќ ја снимија својата прва заедничка песна насловена „Нисмо смели“, која беше претставена токму денес, заедно со видео запис. Како автор на музиката и текстот се потпишува познатата хит-мејкерка Леонтина Вукомановиќ, а аранжманот го направи нашиот Дарко Димитров. Како изгледа и звучи сето тоа, можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑