Свет coldplay

2 декември, 2012

Ништо од паузата, Колдплеј најави нов албум

Иако неодамна се шпекулираше дека бендот Колдплеј ќе се распадне, односно ќе направи пауза од три години, според нивната изјава на концертот кој пред извесно време го одржаа во Австралија, сепак лидерот на бендот Крис Мартин објасна за што станува збор: „Кога го кажав тоа мислев само на Австралија. Таму нема да можеме да отидеме во наредните 3 години. Немаме никаква пауза во план, јас веќе започнав да пишувам песни за новиот албум и ни малку не се плашам за иднината на бендот.“

Покрај тоа, Мартин вели дека „Mylo Xyloto“ е најдобрата турнеја на која до сега бил: „Турнејата бараше многу од нас на секаков план, поради квалитетот на нашата музика, поради LED нараквиците, пиротехниката, ласерите и сè останато, но најмногу поради одличната публика која стана важен елемент на нашите концерти. Луѓето се гласни, разнолики, полни со душа и прават песните да звучат многу подобро кога пеат заедно со нас. Сакавме да го задржиме тоа чувство, и поради тоа излезе концертниот филм.“

Подготовките за новиот шести по ред студиски албум кој ќе го наследи успешниот „Mylo Xyloto“ се веќе започнати, а во тек се и проекциите на концертниот филм „Coldplay Live 2012“  во светските кино-сали.

 



Врати се горе ↑