Свет lg

10 март, 2015

Ништо од Лејди Гага годинава

По поделените мислења за нејзиниот последен студиски албум „ARTPOP“ од 2013 година, Лејди Гага се впушти во малку поинакви музички води и ја покажа својата сестраност во заедничкиот џез проект „Cheek Тo Cheek“, кој го сними со ветеранот Тони Бенет, а според последните информации, таа повторно се враќа во светот на поп музиката. Меѓутоа, во неодамнешен раговор со „Билборд“, нејзиниот нов менаџер, Боби Кемпбел, открил дека нови материјали не се очекуваат пред 2016 година, додавајќи дека актуелните проекти се резултат на работата од изминатите неколку години.

Пејачката, која воодушеви со прекрасниот настап на Оскарите, неодамна ја најави и својата прва улога во популарната серија „Американска хорор приказна“, а ја обнови и соработката со продуцентот РедУан, кој се потпиша на нејзиниот најголеми хитови како што се „Poker Face“ и „Bad Romance“. Дали ќе го повтори успехот на овие хитови, очигледно ќе дознаеме дури в година.

 

 

 



Врати се горе ↑