Видео

20 февруари, 2018

„Ништо нема да нè раздели“ е новата песна на „Бернајс пропаганда“

Македонскиот бенд „Бернајс пропаганда“ вчера на својот канал на Јутјуб ја сподели новата песна насловена „Ништо нема да нè раздели“, во која гостува колегата Мајк Ват. Видеото за песната е дело на Давид Дољаница и Милан Блажевски.

Песната доаѓа по острите несогласувања со Министерството за култура и Македонската филхармонија. Проблемите започнале откако од бендот дознале дека добиле 276.000 денари од ресорното министерство за концерт закажан на 27 април со Македонска филхармонија – нешто за кое не аплицирале и никој не побарал писмена согласност од нив.

Извор: РадиоМОФ



Врати се горе ↑