Балкан Marko Gjurovski

22 октомври, 2012

„Нисам глуп“ соработка на ДНК со Марко Ѓуровски

По одличниот анплагд концерт од 29-ти септември во Универзалната Сала за кој сè уште се зборува, момците од ДНК не запираат да ја изненадуваат својата публика. „Мислев ти си добра, фина, од сите други дека си поразлична, верував во сè што ќе ми кажеше ти,  но тоа биле само добри филмови“ рапува Панчо во новата музичка соработка на ДНК со познатиот српски кантавтор и диџеј Марко Ѓуровски насловена „Нисам глуп“ (Не сум глупав). Нумерата е последен сингл на синот на легендарниот фудбалер Милко Ѓуровски и брат на сегашниот македонски фудбалски репрезентативец Марио Ѓуровски, која е најава за неговиот нов албум „Друго поглавје “ (Второ поглавје) кој ќе биде промовиран наредната недела во Белград, а е во издание на Сити Рекордс.

„Соработката со Марко излезе случајно и многу спонтано. Песната е во забавен електро Р&Б фазон кој преовладува на целиот нов албум на Марко. Наскоро ќе снимаме и видео запис за „Нисам глуп“ кој ќе биде промовиран на целиот Балкан.“ – изјавуваат ДНК.

Тематиката на песните во „Второто поглавје“ на Марко e иста како и на првиот албум – љубовна, но овој пат од поинаков агол. Во новиот албум, како што самиот вели, на еден храбар иновативен начин тој направил музика каква што приватно сака да слуша. „Нисам глуп“ ексклузивно може да се симне само на официјалната веб страница на ДНК  www.dnk.com.mk



Врати се горе ↑