Македонија

25 јануари, 2018

Нина Јанева со ново видео после цели 10 години

Нина Јанева после долги години пауза повторно сними видео и тоа за темата „Ова е крај“, која е авторско дело на Александар Масевски. Кадрите за спотот, пак, се во реализација на Александар Ристовски – Принц, а истите се снимени на Водно.

„Ова е приказна во која ќе се најдат многу девојки и жени. Добар блуз кој мене лично ми дејствува како мевлем“, изјави таа.

„Спотот го снимавме во ноември, беше малку ладно, на минус еден ме прскаа со вештачки дожд, а јас облечена во фустан со шест слоја. Измразнав, но супер си поминавме на снимањето и ни беше многу забавно. На Водно го дочекавме и роденденот на Принц и работно го одбележавме“, откри Нина, која последниот спот кој го има снимено е од времето со „4Плеј“ пред околу десетина години.

Пејачката во меѓувреме активно настапува и со својот бенд „2Егзит“, а последното што го слушнавме од неа беше соработката со колегата Папаз за темата „Never Fall In Love“, како и „Блуз за…“, со која настапи на „Скопскиот фестивал“ во 2014 година.



Врати се горе ↑