31 јануари, 2018

Нина Јанева го претстави видеото за „Ова е крај“

После пауза од десетина години, Нина Јанева сними ново видео. Станува збор за екранизација на моќната балада „Ова е крај“, чиј комплетен автор е Александар Масевски (музика, текст, аранжман и продукција), а заедно со него придружните вокали ги отпеаја и Наде Талевска-Спасовска и Игор Митровиќ.

Видеото, пак, кое се снимаше во ноември минатата година на Водно, е дело на Александар Ристовски Принц, а за прекрасниот изглед на Нина се погрижија Зорица Николова (фризура и шминка) и Милена Чапов. 

Ова е приказна во која ќе се најдат многу девојки и жени. Добар блуз кој мене лично ми дејствува како мевлем“, рече Јанева за својата нова песна, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте горе. Уживајте!



Врати се горе ↑