23 јуни, 2013

Нина Бадриќ сними видео запис за „Чежња“

Песната која Нина Бадриќ ја претстави на почетокот на месец мај, „Чежња“ деновиве доби и свое видео издание во режија на Дарко Дриновац. Одличната балада која според мислењето на многумина е наследничка на популарната „Чаробно јутро“, ја потпишува самата Нина, а во музиката и аранжманот ѝ помогна долгогодишниот пријател и соработник Анте Гело.

Уште една новост поврзана со хрватската дива е вчерашната промоција на новата албумска компилација насловена „Најдражи“, на која покрај новата песна, ќе се најдат најголемите хитови од изминатата деценија.

 



Врати се горе ↑