8 јануари, 2013

Нина Бадриќ сними спот за „Неописиво“

Хрватската поп пејачка Нина Бадриќ деновиве сними спот за нејзиниот нов сингл „Неописиво“, кој се наоѓа на актуелниот албум „НеБо“. По песните „Моје очи пуне љубави„, евровизиската „Небо“, „Сањам да смо скупа ми“ кои веќе ја освоија публиката и врвовите на хрватските топ листи, песната „Неописиво“ ја продолжува успешната низа хитови од овој одличен албум. Радиофоничниот сплет на поп, Р&Б и соул веќе ги освојува топ листите, а гостувањето на британската рап ѕвезда Блек Твенг (Blak Twang) нè враќа во деновите од самиот почеток на кариерата на оваа музичарка. Нина Бадриќ храбро ги поместува границите на актурлната продукција останувајќи верна на нејзиниот музички пат, а со нејзината одлична интерпретација и авторски песни одново ги освојува сите нејзини фанови.

Видео записот кој денеска ја доживеа својата фејсбук премиера е во режија на Дарко Дриновац, кој со камера ја следеше Нина во Белград и Загреб на сцената, но и надвор од неа. По одличната работна година во која Бадриќ одржа успешни концерти во преполната Комбанк арена во Белград и во загребска Цибона, Нина продолжува понатаму со уште еден голем концерт закажан за 14-ти февруари во Сараево. Погледнете го видео записот за „Неописиво“, чиишто музика и текст ги потпишува самата Нина, а аранжманот заеднички со неа го потпишуваат Дарко Јурановиќ и Тихомир Прерадовиќ.

Извор: Вечерњи Лист



Врати се горе ↑