Аудио 935056_657016437648158_1549195044_n

11 мај, 2013

Нина Бадриќ претстави нова песна

Хрватската поп дива Нина Бадриќ регионално е сè уште актуелна со нејзиниот албум „НеБо“, на кој се најдоа хитовите „Моје очи пуне љубави„, евровизиската „Небо“, „Сањам да смо скупа ми“ кои веќе ја освоија публиката и врвовите на хрватските топ листи, како и песната „Неописиво“, а набрзо потоа беше претставен и дуетот со босанскиот пејач Мирза Шољанин – „Душе су се среле“, додека во Македонија сè уште е актуелна со гостувањето во песната „Не кажувај либе добра ноќ“ од Гаро и браќата Тавитјан

Деновиве Бадриќ беше една од учесниците на конференцијата Твитоманија, која се одржува од 8-12 мај на хрватското приморје и е посветена на социјалните мрежи. Покрај дружењето со фановите, пејачката ја искористила оваа прилика да ги израдува присутните со нова песна насловена „Чежња“, чиј рефрен го испеала во живо, а како звучи целата песна можете да слушнете во продолжение.

Извор: Трачара/Фото: Фејсбук фан страница на Нина Бадриќ

 



Врати се горе ↑