Видео 10339688_10152842758594310_2969934234497997834_n

27 октомври, 2014

Нина Бадриќ ја пофали Елена за изведбата во „Твоето лице звучи познато“

Во третата епизода од емисијата „Твоето лице звучи познато“, нашата претставничка  Елена Ристеска се појави во улога на хрватската дива Нина Бадриќ, изведувајќи го нејзиниот хит „Такве као ти“. Познатата пејачка била воодушевена од настапот на Елена, кој го пофали јавно на нејзината фан страница на Фејсбук: „Браво и за Елена Ристеска, особено за пеењето. Само напред девојко!“, напиша Бадриќ, споделувајќи фотографија од емисијата.

Учеството во ова познато шоу Елена го започна со имитацијата на Северина и нејзиниот хит „Уно моменто“, а минатата недела настапи како Бритни Спирс со песната „Slave For You“. Доколку ги пропуштивте нејзините настапи, истите можете да ги погледнете на веб страната www.tlzp.prva.rs, односно овде, овде и овде.



Врати се горе ↑