Балкан xfa

15 мај, 2015

Николина Пишек е четвртата водителка на „Х фактор“

Се чини дека на изненадувањата им нема крај! Продукцијата „Конект лајв медија“, која годинава го реализира проектот „Х фактор“, секојдневно приредува нови изненадувања и тоа непосредно пред почетокот на финалните вечери во живо. Имено, на досегашната водителска тројка составена од српскиот актер Александар Радојичиќ, хрватската водителка Антонија Блаќе и нашата Снеже Велков, ќе им се придружи и нам веќе добро познатата хрватска актерка и водителка Николина Пишек, којашто ја паметиме од музичкиот проект „Операција триумф“.

Уште еден новитет за неделната прва емисија во живо е гостинот којшто ќе настапи во ревијалниот дел за време на гласањето. Станува збор за актуелниот евровизиски претставник на Шведска и најголем фаворит за победа – Монс Зермерлоу! Младиот пејач ќе ги брани боите на својата земја со темата „Heroes“, која веројатно ќе ја изведе и на сцената на „Х фактор“. Песната привлече големо внимание со специфичната сценографија кога настапи (и победи) на престижниот „Мелодифестивален“, фестивал кој привлекува речиси подеднакво внимание како и самата „Евровизија“. Како изгледаше сето тоа погледнете во продолжение.

 

Инаку, првата емисија во живо ќе се емитува в недела, 17 мај, со почеток од 21 часот на телевизија „Сител“. Во рамките на оваа епизода ќе настапат 12-те веќе избрани финалисти, како и тринаесеттиот натпреварувач, односно еден од отпаднатите кандидати за кои во моментов се гласа преку  апликацијата „Вајлд карта на фан станицата на „Самсунг“. Меѓу нив се и нашите Боби Мојсоски и Алмир Исмаили, за кои можете да гласате најдоцна до недела. Побрзајте!

И.Ј.

 



Врати се горе ↑