Аудио omot_albuma

15 декември, 2013

Никола Врањковиќ со ново ЕП издание

Веќе поранешниот гитарист, композитор и текстописец на алтернативната српска група Блок Аут – Никола Врањковиќ неодамна го објави своето самостојно ЕП издание кое содржи 5 песни отсвирени во живо во белградското студио Underground Sound Factory. Издавач е растечката и бескомпромисна куќа Black Planet Records од Ниш, која со ова издание ја затвора успешната 2013 година.

Врањковиќ со својот нов бенд неодамна одржа два концерта во Никшиќ и Подгорица, а на почетокот на јануари ќе настапи и во Ниш и Крагуевац. Неговиот нов сингл насловен „Испод твога ока“ ќе се појави на почетокот на март со уште три нови песни како подарок ДВД издание со неговата втора книга со поезија „Бремеплов“.

Песната „Испод твога ока“ можете да ја слушнете во продолжение, а веднаш потоа уживајте со получасовната сесија со материјалот од новото ЕП издание, кое можете бесплатно да го симнете на овој линк.

 

 

 



Врати се горе ↑