Аудио

6 јуни, 2018

Никола Тони го заокружува проектот „Definition People“ со „Remember This Kiss“

Започнат во 2006 година, проектот „Definition People“ на охридскиот перкусионист и вокалист Никола Тони е заокружен со неодамна објавената соработка со Мат Санчез, „Remember This Kiss“.

„Голема благодарност на сите кои беа подржувачи на досегашната кариера и за целокупната подршка во мојата работа. Оваа песна е последна од проектот ’Definition People’, кој беше започнат 2006 година и во чии рамки беа изработени оригинални песни и ремикси со продуценти и ремиксери од цела Европа“, вели музичарот.

„Се надевам дека оваа песна во ново реиздание ќе им се допадне на слушателите и дека ќе биде дел од летото што ни претстои“, додава тој. „Remember This Kiss“ ги има сите авторски права под издавачката куќа „Мат мјузик“ (Matt Music), а за сето тоа да звучи најдобро што може, се потрудија: Јовица Каралиевски, Зоран Кречо, Наум Долоски и Бојан Угриноски. 

Се надеваме дека на повидок е ново поглавје во кариерата на мултиталентираниот музичар, а како звучи последното од проектот „Definition People“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑