Македонија 10923622_360631430728356_1913339552784572089_n

29 јануари, 2015

Никола Тефов соработува со најпознатите американски рапери

Никола Тефов работи со музика од неговите 12 години. Прво почна како хип-хоп артист, а подоцна, како се одвиваа работите и како работеше напорно на својот талент, почна да прави и преработки (The Other Side од Џејсон Деруло и Next To You од Крис Браун и Џастин Бибер). Денес Тефов работи на хип-хоп и ар-ен-би инструментали за американски рапери, меѓу кои и популарниот Биг Шон, а како круна на целиот овој труд е тоа што Фејсбук го препозна со тоа што ја верификуваше неговата фан страница.

Тоа е само мотивација повеќе да се посвети на талентот кој му е даден и да вложува во него. Навистина е убаво чувството кога ќе бидеш препознаен, а особено на овој начин. За сите љубители на хип-хоп музиката и за сите што сакаат да го следат и видат што поточно работи, тоа можат да го направат овде и овде.



Врати се горе ↑