22 мај, 2013

Никола Тефов со уште една одлична преработка

Во последно време се навикнавме да гледаме нови музички лица кои со својата креативност сакаат да создадат нешто привлечно, макар тоа да е некое ново музичко парче или пак преработка на некое друго. Како еден од ваквите уметници се издвојува и Никола Тефов кој има само 17 години, а веќе има произведено многу успешни музички дела како и преработки кои ни докажуваат дека всушност Македонија има голем број на млади и надежни лица во областа на музиката. Тефов има изработено доста успешни преработки на познати хитови ширум светот како што се „Mirror“ од Бруно Марс и Лил Вејн, а потоа и „Skyfall“ од Адел, која ја направи  заедно со Марија Ивановска.

Тој своите способности продолжува да ги користи и како резултат на тоа неодамна на неговиот официјален YouTube канал се појави и неговата најнова професионална преработка на песната „Next to you” во изведба на Крис Браун заедно со сензацијата Џастин Бибер. Имено, на 20-ти мај, 2013 на YouTube каналот на Sound Art Production, во којашто и се снимаше преработката во соработка Ристе Трајковски беше објавена за пошироката јавност. Аранжманот, музиката и како извршен продуцент стои Никола Тефов, видеото е снимано од страна на Владимир Карловиќ, а видео монтажата повторно од Никола Тефов. Песната „Next to You“ во изведба на Тефов и Трајковски можете да ја погледнете горе.



Врати се горе ↑