Македонија 206731_3679993893345_286496737_n

17 јануари, 2013

Никола Тефов – нова надеж во македонската музика

Толку млад, а толкав уметник, дете полно креативност… Клавирот едноставно не му дава да спие. Енергијата ја црпи токму од музиката и целосно е посветен на неа. Како најмлад и успешен продуцент во Македонија, Никола Тефов во својата архива крие безброј свои компонирани дела, како и успешни преработки. Како најуспешна може да се издвои преработката на песната „Skyfall“ во соработка со Марија Ивановска. Со својот стил и уникатно однесување, привлекува сечие внимание.

Амбициите не му даваат да сопре, секојдневно учи и пробува нешто ново. Одлично е прифатен од македонската публика и добива голема поддршка како од обожавателите така и од големи македонски ѕвезди, па затоа и размислува да започне соло кариера како Р&Б изведувач. Неодамна оствари контакт со артист од Бугарија, а добива и пораки од прекуокеанските земји.

За да можете да го почувствувате сето ова, посетете ја неговата фејсбук страница, како и неговиот канал на ЈуТјуб.

Во продолжение погледнете ја преработката на „Mirror“ од Бруно Марс и Лил Вејн.

 



Врати се горе ↑