Аудио 521851_111346909066072_1227315813_n

1 јули, 2013

Никола Ди го претстави новиот сингл „Night Passions“

По позитивните реакции за синглот „Strong Love“, кој настана како производ од работата на проектот Sinteticsax Project, битолскиот диџеј Никола Ди (Nikola Dee) од Радио 106 продолжува со подготовките на новото ЛП издание насловено „Passion“. Првиот сингл кој доаѓа од ова издание е „Night Passions“, за кој во моментов се заинтересирани многу издавачки куќи како што се „Radio Express“ од Лос Анџелес и други.  Песната е наменета за љубителите на хаус музиката, а наскоро ќе следат и останатите синглови од претстојното ЛП, чија продукција ја потпишува самиот Никола Ди. Како звучат „Ноќните страсти“ можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑