Свет nicole-s-studio

17 јануари, 2014

Никол Шерцингер во студио со Трики Стјуард

По минатогодишниот хит сингл „Boomerang“, американската пејачка со филипинско потекло, Никол Шерцингер деновиве на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која покрај нејзе во студиото ѝ прави друштво познатиот продуцент Трики Стјуард. Со оглед на тоа што Трики се потпишал на хитови како што се „Umbrella“ на Ријана, „Touch My Body“ на Мараја Кери и „Single Ladies“ на Бијонсе, несомнено дека и од оваа соработка ќе произлезе вистински хит.

Пејачката која веќе неколку години претстојува во Велика Британија и е дел од жирито на тамошната верзија на X Factor, сè уште нема издадено свое соло студиско издание, иако веќе долго време не е дел од групата Пусикет Долс, а како самостоен изведувач соработувала со имиња како што се Пи Диди, Фифти Сент, Ти Ај, Вил Ај Ем, Тимбаленд, како и неодамнешната соработка со италијанскиот музичар Ерос Рамацоти за темата „Fino Al’Estasi“.

 



Врати се горе ↑