25 јануари, 2013

Никол Шерцингер се враќа како „Бумеранг“

Како што неодамна најави американската пејачка и поранешна членка на групата Пусикет Долс, Никол Шерцингер вчера го промовираше нејзиниот нов сингл „Boomerang“. Како што пишува магазинот Idolator, од некои мистериозни причини таа сè уште нема свое официјално соло издание, иако тоа се најавува веќе шест години. Своевремено беше откажано објавувањето на албумот „Her Name Is Nicole“, како и реизданието на нејзиниот  британски наслов „Killer Love“. Но, со оглед на тоа што новиот сингл е продуциран од страна на Вил Ај Ем, нејзиното американско деби можеби ќе се случи токму годинава. Покрај аудио верзијата која беше промовирана вчера, денеска стигна и видео записот за истата, па погледнете како сето тоа изгледа и звучи.



Врати се горе ↑