Свет нш бап 2

18 јануари, 2017

Никол Шерцингер ќе ја замени Ферги во „Блек ајд пис“?

Популарната американска група „Блек ајд пис“ веќе неколку години е на пауза, а дел од членовите успеаја да изградат и соло кариери. Но, според бразилски медиум, бендот предводен од Вил Ај Ем наскоро ќе продолжи со работа, но со нова пејачка. Имено, „Бепклаб“ пишува дека на местото на Ферги ќе дојде некогашната лидерка на „Пусикет долс“, Никол Шерцингер, чија соло кариера и не забележа некој поголем успех.

Вил Ај Ем во повеќе наврати ја нагласи важноста на „Блек ајд пис“, жалејќи што морале да заминат на пауза. „Тешко ми е што го кажувам ова, но мислам дека воопшто не требаше да престанеме со работа“, изјавил тој разговор со „Ивнинг шоу“ минатиот април. Доколку Шерцингер го заземе местото на Ферги, можеби тоа конечно ќе ја забрза работата со нејзиниот долгоочекуван и неколку пати презакажуван втор албум „Double Duchess“, кој дури и сега сè уште нема официјалн датум на издавање.

нш бап



Врати се горе ↑