Видео

23 март, 2019

Никол Шерцингер има нова химна на надежта и инспирацијата

По неколкугодишно отсуство на музичката сцена, американската пејачка Никол Шерцингер се враќа со нова инспиративна химна насловена „Victorious“, која сосема соодветно за првпат ја изведе на затворањето на јубилејните 15. Специјални олимписки игри во Абу Даби. 40-годишната ѕвезда и некогашна членка на „Пусикет долс“ песната ја напишала заедно со Џонас Мајрин, а продукцијата е на американското продуцентско дуо „Футуристикс“.

„Џонас и јас бевме во студио и сакавме да напишеме песна што ќе го отслика патот до победата“, објасни таа и додаде дека „започна како порака за охрабрување, за надминување на предизвиците, еланот на успехот, но и за моментите на очај. Набрзо се претвори во химна за надежта и инспирацијата, без оглед дали е во спортот или која и да е цел што си ја поставуваме во животот.“

Се надеваме дека „Victorious“ е само вовед во нејзиното долгоочекувано трето студиско издание што ќе го наследи „Big Fat Lie“ од 2014 година, а како изгледаше и звучеше сето тоа на Специјалната олимпијада во Аби Даби дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑