14 ноември, 2014

Никол Шерцингер го објави видео записот за „Run“

Никол Шерцингер на 20 октомври го објави својот долгоочекуван студиски албум „Big Fat Lie“, кој го најави со сингловите „Your Love“ и „On The Rocks“, а сега свое видео издание доби и баладата „Run“. Во екранизацијата за оваа песна пејачката скита низ темните ходници на една вила и ѝ дава совет на идната девојка на нејзиното поранешно момче, а тоа е : „Бегај!“. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑