Свет ns

22 септември, 2014

Никол Шерцингер ги откри деталите за новиот албум

Откако ги претстави песните „Your Love“, „On The Rocks“ и „Run“, Никол Шерцингер деновиве конечно ги откри деталите за нејзиното ново студиско издание кое се очекува на 20 октомври. Поранешната членка на Пусикет Долс на својот нов албум му го дала насловот „Big Fat Lie“, а соодветно на изјавата дека новиот материјал е „модерна мешавина на влијанија од изведувачи како што се Џенет Џексон и Шаде“, на насловната фотографија може да се види Никол како позира во стилот на некои од првите албуми на Џенет Џексон.

 

Списокот на песни кои ќе се најдат на лукзусното издание на албумот, кое ќе содржи и 2 видео записа, можете да го погледнете во продолжение.

  • 1. “Your Love”
  • 2. “Electric Blue”
  • 3. “On The Rocks”
  • 4. “Heartbreaker”
  • 5. “God Of War”
  • 6. “Girl With A Diamond Heart”
  • 7. “Just A Girl”
  • 8. “First Time”
  • 9. “Bang”
  • 10. “Big Fat Lie”
  • 11. “Run”
  • 12. “Little Boy”
  • 13. “Unison”
  • 14. “Cold World”
  • 15. “Your Love” (video)
  • 16. “On The Rocks” (video)

Нејзиниот втор сингл „On The Rocks“ доби и ремикс верзија за која се погрижија „Вајдбојс (Wideboys)“, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑