Аудио 11085910_10155406406100531_2055088578_o

3 април, 2015

„Никој како ти“ е новата песна на Дарко Илиевски

„Никој како ти“ е насловот на новата песна на Дарко Илиевски, зад која, освен тој самиот, се јавува стандардниот тим со кој соработува, а тоа се Лазар Цветкоски и Магдалена Цветкоска.

„Оваа песна ми е една од најискрените песни што сум ги отпеал досега и верувам дека и публиката ќе ја доживее на ваков искрен начин. Целта ми е да допрам до луѓето кои се силно вљубени и немаат никакви предрасуди да ја споделат, односно да ја признаат љубовта. Во песната се вели – знај, ти си причина јас што се будам секој ден. Ова доволно кажува колку е силна љубовната порака во песната“, вели Дарко.

Оваа најнова песна на Дарко всушност е и најава за неговиот нов албум. Тој последниов период константно работи на нов материјал и периодов ќе биде исполнет со неколку нови песни. „Никој како ти“ можете да ја слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑