Македонија nikola tr

20 декември, 2012

„Никогаш сама“ е новата песна на Никола Тренчевски

Андреј Миске можеби е отсутен од сцената како изведувач, но неговата креативност не запира тука. Миске се потпишува како комплетен автор на новата песна на новата надеж на македонската музичка сцена Никола Тренчевски. Никола и Андреј заедно работеа на нумерата „Никогаш сама“, која е во Р’н’Б стил, а истата ќе ја доживее својата промоција следната недела.

Никола Тренчевски е 18 годишно момче кое ни доаѓа од Делчево, до сега има направено неколку песни, а има снимено и два видео записи. По „Никогаш сама“, која можете да ја чуете во продолжение, Никола сериозно ќе се зафати со работа да го сними неговиот деби албум, на кој ќе има 12 песни.

 



Врати се горе ↑