Свет nm

25 август, 2016

Ники Минаж снима поп албум

Популарната раперка повторно ќе запее. После успешното издание „The Pinkprint“ (2014), на кој се најде контроверзниот хит „Anaconda“, Ники Минаж направи неколку соработки, но се посвети и на новиот материјал за четвртиот студиски албум кој, како што пишуваат американските медиуми, ќе биде во поп стил. Имено, продуцентот Лондон Он Да Трек (London On Da Track), во неодамнешен разговор за списанието „Комплекс“ изјавил дека „штотуку излегол од студио со Ники, каде што направиле три или четири песни“.

„Направивме неколку песни каде што повеќе се пее отколку што се рапува, нешто како премин од еден жанр во друг. Тоа ми дава шанса да ја покажам мојата друга страна. Луѓето обично ме препознаваат по клупските хитови, но јас свирам и на пијано и сум музичар. Го правам тоа веќе долго време“, изјавил тој.

nickiminajunleashesthepinkprintmovie

Промената во стилот ја потврди и самата Минаж, велејќи дека ѝ било потребно време повторно да се слушне себеси: „Бев малку емотивно нестабилна кога завршив со ’The Pinkprint“, па сега сакам мојата среќа да се одрази на новиот материјал“, отри таа.

Одличниот вокал на талентираната пејачка од Тринидад и Тобаго можеби најдобро се забележува во соработката со Дејвид Гета од 2012 година, темата „Turn Me On“, на која што можете да се потсетите во продолжение.



Врати се горе ↑