Видео

24 јуни, 2019

Ники Минаж се враќа со „Megatron“

Многумина веќе сметаат дека Карди Би го презеде престолот од Ники Минаж, но ѕвездата од Тринидад и Тобаго не планира лесно да се откаже од титулата рап-кралица. По објавувањето на минатогодишниот, четврт по ред студиски албум „Queen“, кој наиде на претежно позитивни критики, 36-годишната дива во април годинава одлучи да се раздели со долгогодишниот менаџерски тим и да заврти нов лист.

Како вовед во новото поглавје од нејзината кариера деновиве стигна потенцијалниот хит „Megatron“, како одлично загревање за летото и претстојната заедничка турнеја со Крис Браун. Потпишана од самата Ники, Британи Кони, Денизија Ендруз, Халдејн Вејн Браун и Ендру Вансел, песната содржи примерок од „Heads High“ од Мистер Вегас.

Сè уште не е познато дали „Megatron“ е најава за петтиот студиски албум на Минаж, па додека очекуваме повеќе информации за нејзините идни планови, новиот сингл и видео ве очекуваат во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑